Припадниците на Жандармеријата дозволиле Андреј Вучиќ, полoвина час да се превиткува од болка по прептепувањето додека не повикаат медицинска помош. На втората снимка јасно се гледа како припадниците на озогласениот ниски одред на Жандармеријата го држи братот на премиерот Александар Вучиќ во влез иако им вели дека мора итно да оди на клиника.
Андреј цело време се држи за стомакот и раката, припадниците на полицијата веќе знаат дека се работи за заштитена личност, но никој од нив не повикува помош.
Иако нанесените удари можат да му предизвикаат внатрешно крварење, брза помош е повикана дури откако на местото пристигнал началникот на Полициската станица Белград, Веселин Милиќ.
Снимката е направена од оперативец на Жандармеријата, а камерата не искучена ни по барање на припадник на Кобрите, ниту пак на Андреј Вучиќ.
Според зборовите на извор за Курир, Жандармеријата често ги снима своите акции за да можат на исфингираат дека на терен работат по правилата. Не им е непознато пред камерите да почнат да снимаат да ја преувеличуваат ситуацијата и така да го правдаат пречекорувањето на овластувањето.
Една од сомнителните ситуации се наоѓа на почетокот на снимката каде на местото на инцидентот доаѓа службено „Ауди“ на Војската на Србија.
Припадник на Кобрите, со раскрварена глава, оди накај премин на зграда каде во влезот жандармите го држат Вучиќ.
Возачот веднаш излегува од автомобилот и пробува да влезе во зградата и во таа прилика доаѓа до буткање меѓу него и полицајците. Жандар гледа во камерата и вели дека момците од Кобри ги нападнале неговите момци.
-Нападнати се шест мои момци се случи што се случи. Полека пристигнува воената полиција“, вели возачот кој потоа се враќа во автомобилот