Сноуден конечно доби азил – го напушти аеродром Шереметјево (Видео/Фото)


Поранешниот шпион на американската Национална безбедносна агенција (НСА) Едвард Сноуден ја напушти транзитната зона на московскиот аеродром Шереметјево и влезе на територија на Русија откако доби документи за привремен азил. Сноуден беше на московскиот аеродром од 23 јуни.

Неговиот адвокат Анатолиј Кучерена посочи дека поранешниот американски разузнавач е на безбедно место. Ова е документот со кој Сноуден ќе престојува во Русија.

snouden azil

Дел од западните медиуми јавија дека Сноуден добил привремен азил во Русија од една година, додека Викиликс објави Сноуден доби статус на бегалец во Русија. Викилкс тврди дека Сноуден го напуштил аеродромот придружуван од член на Викиликс.

Сноуден побара привремен азил во Русија на 16 јули додека му беше одобрен на 24 јули. Истиот ден, САД побараа објаснување од руските власти за промена на статусот на Сноуден.

Привремениот азил се издава на една година и може да биде продолжен секоја година. Рокот за разгледување на барањето за постојан азил е три месеци со можност да се продолжи уште три месеци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1