Поранешниот вработен на НСА, Едвард Сноуден, тврди дека постојат вонземјани и дека се обиделе да контактираат со нас. Триесет и двегодишниот Сноуден тврди дека вонземјаните активно бараат живот на други планети и дека бучавата од сателитите е доказ за нивното постоење.
– Ако има вонземска цивилизација која се обидува да контактира со други цивилизации или нашата цивилизација се обидува да контактира вонземјани, има само мал период во развојот на нивното општество кога целата таа комуникација ќе биде испратена преку најпримитивните и најнезаштитените начини. Сета комуникација е кодирана по дифолт – рекол Сноуден во емисијата на научникот Нил Деграс Тајсон.
Сноуден смета дека сигналите на вонземјаните се едноставно толку добро кодирани што не можат да се разликуваат од позадинската бучава во универзумот.
Сноуден доби азил во Русија, а американските власти го бараат по обвинение за шпионажа.