Со 34 години живее како „Волкот од Волстрит“, а на „Инстаграм“ дели совети и подароци (ФОТО)


Тимоти Сајкс е мултимилионер кој исто како и Белфорт го заработил своето богатство со трговија на акции и барем на момент на нас “обичните смртници” ни го прикажува неговиот раскошен живот.

Сите кои што го погледнале филмот “Волкот од Wall Street” дефинитивно барем во еден момент посакале барем на кратко време да видат како навистина изгледа да се живее на така распуштен начин.volk volstrit
Вистинскиот волк од Wall Street, Џордан Белфорт, кој бил осуден на 22 месеци поради финансиски измами и според кој е снимен и споменатиот филм, откако филмот бил премиерно прикажан изјавил дека неговиот живот изгледал и уште полошо од она кое што успешно го доловил и одглумил Леонардо ди Каприо.

Но, Instagram профилот на Тимоти Сајкс, мултимилионер кој исто како и Белфорт го заработил своето богатство со тргување на акции, барем на момент на нас “обичните смртници” ни прикажува како изгледа животот на еден млад, богат и успешен бизнисмен.

pari 655
Сајкс, исто како и Белфорт, ги подучува луѓето да бидат успешни исто како што е и тој.

Но, за разлика од Волкот, тој никогаш не бил обвинет за злоделата кои ги дискредитирале неговите успеси. За себе во една прилика изјавил дека нема никакви вештини со кои сето тоа успева да го постигне, туку има само огромна желба да им овозможи подобар живот на луѓето кои што ги сака.

– Среќен сум што можам тоа да им го овозможам, изјавил тој за американските медиуми.volk volstrit3

Својата кариера ја започнал уште во средно училиште кога дел од својата мала заштеда ја вложил во акции. До 21-вата година тој веќе заработил цело богатство од преку милион ипол долари.

Овој млад богаташ не го крие својот животен стил, а на Instagram мрежата тој засега има и голема публика, односно дури 297 илјади следбеници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1