Две лица вооружени со автоматска пушка и со пиштол пукале кон сопственик на менувачница во Сарај.
Според информациите на МВР, повредениот е пренесен на Ургентниот центар и е задржан на лекување.
Вчера околу 20.20 часот во Скопје во трговскиот центар „Сарај“ пред менувачница од страна на три непознати лица, од кои едно вооружено со автоматска пушка, а другото со пиштол, било извршено разбојништво врз сопственикот на менувачницата.
Според информации на полицијата, кон него било пукано со огнено оружје и притоа добил повреди во пределот на двете нозе по што бил пренесен на Ургентниот центар во Скопје за укажување лекарска помош.
СВР Скопје превзема мерки за целосно расчистување на случајот.