Засега непознати лица ограбиле супермаркет во Бриндизи, во јужна Италија, во кој упаднале со булдожер, соопшти полицијата.
Крадците, се додава во соопштението побегнале со повеќе од сто илјади евра. Полицијата ги прегледува снимките од безбедносните камери.
Полицијата соопшти дека крадците најпрво со камион го блокирале влезот на шопинг центарот, во кој се наоѓал супермаркетот.
Самиот грабеж траел неколку минути, а инцидентот е снимен од камерите.