СО КАМЕЊА КОН ПОЛИЦИЈАТА – 2 полицајци повредени – Толпата истисната кон Бит Пазар


Двајца полицајци се повредени од камења, а полицијата кон толпата употреби солзавец и шок бомби против дел од неколкуте илјади луѓекои  денеска нешто пред 14 часот пристигнаа пред судскиот комплекс во Скопје за да протестираат поради пресудите во процесот „Монструм“. Дел од демонстрантите по пристигнувањето пред судот фрлаа камења кон полицијата која во голем број го обезбедува протестот. Неколку камења завршија во прозорци од судот.  Демонстрантите изразуваат протест поради судските пресуди против обвинетите за петкратното убиство на брегот од Смилковското Езеро на периферијата од Скопје, што се случи воочи на Велигден пред две години.

image-4065dd4b4e12d1841d6c3edf5a61dc2611c8fa16ddb7a612fc56a104231bc1ae-V1-540x405Протестната колона тргна од пред Јаја Паша џамијата во Чаир  и преку Бит пазар пристигна пред судот во Скопје. Организирани и повикани беа преку социјалните мрежи преку кои протестот беше закажан за денеска по петочната молитва во џамијата.

Како што пренесува Телеграф, двајца од претставниците на полицијата се повредени, а пристигнато е и едно амбулантно возило.

Лицата кои протестираат ја каменуваа полицијата што го обезбедува Основниот суд. Толпата сега веќе се истиснува накај Битпазар.

Во процесот „Монструм“ шестмина од обвинетите добија максимални казни – доживотен затвор, а еден беше ослободен од обвинението поради немање на докази.

ХАОС НА ПРОТЕСТИТЕ – ПОЛИЦИЈАТА УПОТРЕБИ ШОК-БОМБИ ПРЕД ОСНОВНИОТ СУД
ДЕМОНСТРАНТИ МАВААТ ПО ПОЛИЦИЈАТА (ВИДЕО)
ЦЕЛ СУД ИСКРШЕН, ПОВРЕДЕНИ ПОЛИЦАЈЦИ И ВРАБОТЕНИ

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1