Полицаецот кој на својата униформа ја има поставено мобилната камера треба да го извести возачот кого го сопрел дека разговорот се снима и аудио и визуелно.
Должен е секоја сообракајна контрола да ја снима. На граничниот премин Табановце полицајците од мобилната единица за безбедност на сообракајот го презентираа пред медиумите и врвот на МВР
Според министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, интенцијата на операционализацијата на овој проект е подигање на интегритетот на полициското постапување, односно обезбедување на законитост во преземањето на секое службено дејствие.
„Тоа е практично на иста линија како и многуте политики кои што во рамките на МВР, досега се донесени, утврдени и операционалиозирани преку различни стандардни оперативни процедури. Крајна цел е постигнување на две комплементарни цели – обезбедување на безбедноста на граѓаните и на заедницата во исто време и почитување на човековите права и слободи“, потенцираше Чавков.
Дел од презентацијата беше и делењето едукативен материјал(флаери) за запознавање на учесниците во сообраќајот за начинот на функционирање и целите на проектот „Мобилен систем за снимање со камери“. Исто така, беше поделен едукативен материјал за влијанието на заморот и брзото возење на безбедноста на сообраќајот на патиштата.
На презентацијата, освен министерот Чавков, присуствуваа директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски, претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Стојче Стаменковски, како и претставници на ИЦИТАП програмата од САД и Министерството за правда, кои го помогнаа проектот.