Откако на почетокот на седницата реагираше Гордана Силјановска Давкова, Талат Џафери во 15:15 го почна продолжението на седницата после едночасовната пауза. Но, салата беше празна.
„Ја молам камерата да ја прикаже салата. Тие што бараат да бидеме точни, треба да го почитуваат тоа и самите“, рече Џафери кој што одговори дека седница треба да почне кога ќе има услови, а не според време кога е закажана.