Со нож ја избодела во стомакот бремената љубовница на својот сопруг


Жената која ја избодела бремената жена на паркин на едно основно школо, е осудена на 10 години затвор, за злосторство кое било мотивирано од љубомора.


news_109212Андра Дин (40) со нож ја нападнала бремената Стејси Џекинс (37), поранешната љубовница на нејзиниот сопруг. И покрај тешките повреди, Стејси преживеала, а за овој злочин Дин е осудена на 10 години затвор.
Жената со ножот со должина од 10 сантиметри и нанела седум убодни рани, во стомакот, раката, дланката и ногата.
Како мотив на нападот Андреа Дин ја навела љубомората. Имено Стејси е поранешна љубовница на сопругот на Андреа и со него очекувала дете.

13628314457 Пред несреќата, Динови се расправале околу аферата на Кристофер, по што по некое време тој ја оставил Стејси и се вратил на својата сопруга.
Љубоморната жена со својот автомобил дошла до основното училиште, каде што се наоѓала Стејси и ја нападнала додека се обидувала да си ги врзе патиките. Воопшто не се сомневала дека можно е да биде нападната. Стејси паднала на земја и се обидела да го заштити своето неродено дете. По инцидентот, Стејси е хоспитализирана и докторите успеаа да ја спасат и нејзе и нејзиното дете.
Покрај Андреа Дин, казна затвор доби и нејзиниот сопруг, за потикнување на криминал.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1