Војник од операцијата „Сентинел“, која е дел од антитерористичката мисија во Франција, беше нападнат од маж вооружен со нож.
Војникот реагирал брзо и напаѓачот бил совладан. Нема повредени во инцидентот.
Нападот се случи рано изутрина на метро-станицата „Шатле“.
Според полициски извори, напаѓачот при инцидентот „го споменал Алах“.
Ова е седми напад врз војници од операцијата „Сантинел“, започната по нападите во Париз во ноември 2015 година.