Крадци во Италија, со помош на вакуумот од правосмукалка извадиле 3.000 евра кеш, така што направиле дупка на касата на бензинската пумпа и низ неа ги извлекле парите. Овој начин на крадење се повеќе е застапен и за крадењето на пари од банкомати
Крадците во округот Салерно во јужна Италија, смислиле нов начин за крадење пари од автоматите на бензинските пумпи, користејќи правосмукалка за да ги вшмукаат парите од автоматот.
Крадците направиле дупка во касата на бензинската пумпа во градот Сала Косилина, и извлекле 3.000 евра кеш.
Автоматскиот аларм при кражбата се вклучил, но кога полицијата пристигнала на местото на кражбата пронашла само празна правосмукалка.