Лук и Хилари Грднер од САД се родителите на синот Кејд Ли и сите тројца се родени на ист датум.
Статистичарите велат дека шансите да се случи вакво поклопување се еден на 133.000. Тоа е поневеројатно отколку да ве удри гром во текот на животот, за што шансите се 1 на 12.000.
Со помош на смартфон апликација Хилари пресметала дека датумот за породување ќе биде 15 декември, три дена пред заедничкиот роденден. Акушерот им кажал дека датумот ќе биде 19 декември. Двојката од Болдвин, Мисисипи го добила синот Кејд Ли на нивниот 27-ми роденден.
Шансите да запознаете некој роден на вашиот роденден е еден во 365, објаснува Тумулеш Соланки, шеф на катедрата по математика на Универзитетот на Њу Орлеанс.