Со сите државни почести погребан полицаецот Цветковски – шестгодишно дете остана без татко


На Градските гробишта Куманово, со сите воени почести,  беше погребан полицаецот Виктор Цветковски, кој загина додека ги извршуваше работните задачи.

Од Цветковски се прости семејството, роднините, пријателите и неговите колеги полицајци од Полициската станица Куманово, министерот Оливер Спасовски, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и други вработени во МВР.

Полицаецот В.Ц. бил женет и татко на 6-годишно дете. Важел за професионалец и бил назначен за ментор на полициските практиканти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1