Членовите на СДСМ преку социјалните мрежи веќе најавуваат дека утре во 19 часот ќе одржат протест пред канцелариите на партиајта на Бихаќка.
„ПЕТОК 26-04-2013,ПОДРШКА ЗА НАШИОТ ЛИДЕР БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ,СИТЕ ШТО ОД СРЦЕ ЈА ДАВАТЕ ВАШАТА ПОДРШКА АЈДЕ СИТЕ ПРЕД СЕДИШТЕТО НА СДСМ НА БИХАЧКА ВО 19ЧАСОТ —КОПИРАЈ ,СПОДЕЛИ“ е пораката која масовно ја споделуваат симпатизерите на СДСМ на социјалните мрежи.
Црвенковски најави дека заминува од партијата во која од нејзиното оформување практично постојано го имаше главниот збор. Дел од аналитичарите сметаат дека Црвенковски може да ја води партијата и додека друг функционер седи во претседателската фотеља. Црвенковски веќе еднаш имаше претседателски кам-бек на Бихаќка.
ФОТО: Press24