Со венчавка преку Скајп до американско државјанство


Бројот на склучени бракови, кои се создаваат преку интернет програмата Скајп во САД е во пораст. Се повеќе млади од целиот свет, на тој начин влегуваат во брак со Американците и на тој начин добиваат државјанство.

255x160_33148-skypeВо Колорадо, Тексас, Монтана, Алабама, Мисури и Калифорнија, можно е да склопите брак преку веб камера со личност која се наоѓа на територијата на САД. Во другите држави во САД тоа е дозволено само со припадник на воено лице кое во тој момент не е во Америка.
Израел, Индија, Велика Британија, исто така ги признаваат браковите преку интернет, така што се поголем број на жители од тие држави склопуваат брак со Американците и на тој начин доаѓаат до американско државјанство.

По склопувањето брак преку Скајп, на венчалната листа стои дека бракот е склопен во една од Соединетите Држави, во кој таков брак се признава и личноста која се наоѓа во САД добива државјанство па може легално да емигрира.

Internet-Wedding-Marriage-Rings-300x152Во САД постојат компании кои им помагаат при склопувањето на таканаречените „прокси“ бракови, кои годишно носат и до 500 интернет свадби. Но, во последно време настана проблем затоа што голем број на луѓе на тој начин доаѓаат до зелен картон, без намера да останат во брак по добивањето на државјанството.

За време на интервјуто за добивање на државјанството, лицата одговорни за државна безбедност немаат обичај да ги прашаат новопечените младенци како се венчале, затоа што бракот преку Скајп сигурно укажува на можна измама.

Во некои случаеви се покажало дека на овој начин склопувањето на брак било замка за лесноверните жени кои мислеле да дојдат во САД кај маж, а всушност стануваат жртви на трговија со луѓе и сексуални работници, но и за осамените мажи кои се венчале со жените од љубов, а тие само ги искористиле заради добивање на државјанство.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1