Приватните болници да наплаќаат од 40 илјади до максимум 305 илјади денари за лекување на ковид пациентите, ова е предогот на Владата за решавање на проблемот со клиниките кои со месеци бараат енормни суми за третман на нивните пациенти.
-Државата освен што има овластување да склучи договор со приватните болници преку ФЗО, може да постави и лимит за максимален износ на едно приватно лекување од Ковид 19. Регулирањето на цените е неопходно за да не се доведеме во ситуација приватните здравствени установи да останат недостапни за огромно мнозинство на граѓани во нашата земја.) – пишува – Венко Филипче – министер за здравство.