Собир пред Апелација за поддршка на ТВ Нова


Скопска Апелација сѐ уште се нема произнесено за одлуката за притвор на сопственикот на ТВ Нова Сеад Кочан, по вчерашната јавна седница.Во овие моменти пред судот се собраа новинари и граѓани, претставници на бошњачката заедница, за да изразат поддршка за телевизијата и бараат укинување на мерката притвор одредена за сопственикот на ТВ Нова Сеад Кочан.sobir-apelacija

Новинарите сметаат дека со одлуката за притвор на сопственикот на ТВ Нова се прави притисок не само врз телевизијата, туку и врз целокупното медиумско известување во Република Македонија.

Последниов случај на СЈО го толкуваме како директен атак врз нашиот медиум. Обид да се замолчиме, обид да ја промениме уредувачката политика, изјави главната и одговорна уредничка на ТВ Нова, Билјана Василева Трендафилова.

Таа посочи дека телевизијата ќе истрае на овој притисок и вели дека ако некому не му се допаѓа како ТВ Нова известува за работата на Катица Јанева и нејзиниот тим, тоа не значи дека треба да има реванш.biljana-izjava

-Ние и јас како прв човек, како главен уредник на медиумот имаме уредувачка политика којашто ја спроведуваме, којашто ни донесе гледаност и рејтинг и сметаме дека и натаму критички ќе  ја опсервираме работата на СЈО. Дали тоа некому му се допаѓа или не, тоа е нивно право, но не е добро да има реванш врз медиумот, затоа што овој обид е директно задушување на слободата на медиумите и демократијата во Македонија, рече Трендафилова.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1