Собирал пари за лекувањето на својот татко, а тој го ограбил и го оставил без ништо (Видео)


11-годишниот Ванг Менгхао, кој просел во кинескиот град Џенгжу, бил напуштен од својот татко откако со просење собрал пари за неговото лечење.DETE TATKO GRABEZ

Ванг проси од својата шеста година, а сè со цел да собере пари за лекувањето на својот татко. Меѓутоа, ова дете во едно интервју открило дека неговиот татко го напуштил откако ги украл сите донации кои тој ги собрал.

Ванг Лидонг, неговиот татко, во 2009. година наводно претрпел тешка сообраќајна несреќа, и од тогаш не е способен за работа, а мајка му го напуштила кога имал само три месеци. Таа со себе ја понела 15-годишната сестра на малиот Ванг.

Новинарите, снимајќи ја приказната за ова несреќно дете, дознале дека тој не јаде месо за да не се здебели, бидејќи тогаш луѓето нема да му даваат пари.

Приказната за Ванг допрела илјадници Кинези, кои почнале да донираат пари за неговото семејство, а некои дури и го поправиле кровот кој прокиснувал во нивната куќа. Ванг потоа се вратил во домот во Џумајден, каде тргнал во основно училиште.

Меѓутоа, тој неодамна бил напуштен од својот татко, кој го оставил во длабока сиромаштија. Тој пронашол нова сопруга, а својот син го оставил кај баба му и дедо му. Парите од донациите исто така исчезнале.

“Татко ми мѝ кажа дека ќе води да си играме во Џенгжу. Кога дојдовме таму ми кажа да просам и дека со тие пари ќе ми купи храна и играчки. Денес ми е жал што просев за него. Наместо тоа, требаше да одам во училиште, вака загубив една година од животот”, раскажал Ванг низ солзи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1