Собрани 5.000.000 денари преку телефонскиот број 143-400


Пет милиони денари се собрани за 48 часа преку телефонскиот број за донации 143-400 за поплавеното население по силното невреме кое го зафати Скопје.13903326_10210571862241574_6378962192076238403_n

Црвениот крст информира дека досега собрани се 5,5 тони вода и доставена е храна за 10.000 лица. Таа додава дека голем број компании обезбедуваат разни донации, а дел од нив имаат обезбедени и волонтери кои ќе му помогнат на населението во справување со последиците.

Се очекува Црвениот крст наскоро да излезе со официјално соопштение во кое ќе биде наведен и износот дониран преку жиро сметките.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1