Собранието го разреши државниот јавен обвинител Зврлевски


Со 64 гласови „за“ и ниту еден против и воздражан Собранието на Република Македонија денеска попладне на продолжението на шестата седница го разреши државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

На гласањето не присуствуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Собранието требаше да започне со работа по осмата седница на која на дневен ред беше Предлог-одлуката за именување на функцијата заменици на генералниот секретар на Собранието на Република Македонија.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски процедурално на почетокот од седницата побара таа да се прекине и се повика на ставот на Антикорупциската комисија дека постои законска пречка да се именуваат и разрешуваат лица за државни функционери.

Според него, како и вчера така и денеска Собранието продолжува со кршењето на законите и се повика на член 178 од Изборниот законик, како што рече, којшто предвидува кривична одговорност за секој оној којшто нема да го почитува членот 8а. Посочи и дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и пратениците ќе направат евиденција и соодветно ќе ги третираат во иднината сите оние коишто ќе работат спротивно на овој член.

Џафери на тоа реплицираше повикувајќи се на членопт 64 од Уставот на РМ кој што ја санкционира, како што рече оваа одредба, а според која пратениците уживаат имунитет и не можат да бидат повикани на кривична одговорност или одговорност заради гласање во Собранието на РМ.

Нагласи дека нуту со писмо, ниту со заклучок на Собрание не се обратил до Антокорупциска комисија како тело формирано од Собранието како негов инструмент за контрола на другите власти.

– Единствен надлежен за автентичнио толкување е Собранието, односно Законодавно правната комисија. Никој друг…Единствена надлежна уставна институција која може да расправа и да поништи акт на Собранието е Уставниот суд на РМ, кој суд во соодветна инцијатива и постапка и процедура може да решава за такви паршања, рече Џафери.

Во однос на писмото од Антикорупциска кое му беше доставено, рече дека за него е ништовно, а затоа што таа се дрзнала да му наложи на Собранието што да прави, како што вели, во најмала рака таа треба да си поднесе оставка, бидејќи едногласно ја донела одлуката.

Џафери ја прекина осмата седница и најави дека дополнително ќе ја закаже,а потоа ја отвори работата по шестата седница на која се гласаше за разрешувањето на државниот јавен обвинител Зврлевски, откако вчера беше завршена расправата по оваа точка.

Илија Димовски повторно процедурално реагираше и рече дека одлуката да не се почитува мислењето на Антиокорупциска е на одговрност на мнозинството во Парламентот и посочи на член 16 од Законот за антикорупција.

– Со повикување на имунитет вие самите признавте дека кршите закон. Имунитетот ги штити 61 пратеник, но не ги штити луѓето именувани надвор од членот 8 од Изборниот закон, рече Димовски и посочи дека нема да присуствуваат на оваа седница, по што ја напуштија салата.

По разрешувањето на Зврлевски, Собранието ја продолжи петтата седница, но претседателот на законодавниот дом Талат Џафери ја прекина веднаш на почетокот откако констатира дека нема услови за работа со оглед дека за единствената преостаната точка на дневниот ред, Извештајот за работата на Агенцијата за администрација за 2016 година, немаше претставник на Владата. За продолжението со работата по петтата седница Џафери најави дека дополнително ќе ги извести пратениците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1