Собранието на Република Македонија денеска ги избра
Фатмир Бесими за министер без ресор кој ќе биде задолжен за евроинтеграциите,
Талат Џафери нов министeр за одбрана
Тахир Хани нов министeр за локална самоуправа.
За Џафери гласаа 65, а за Бесими и за Хани 64 пратеници.
Досегашниот вицепремиер за евроинтеграции Теута Арифи и министерот за локална самоуправа Невзат Бејта, поднесоа оставки на нивнита функции по нивната кандидатура за градоначалници на претстојните локални избори.
Со изборот за министер на Талат Џафери му завршува мандатот како пратеник во Собранието. На негово место треба да дојде следниот кандидат од листата на ДУИ од последните парламентрани избори.
Изборот на Џафери наиде на негодување кај јавноста поради фактот што со оваа одлука екс командант на ОНА седнува на министерското столче во одбраната.