Собранието изласа измени на Законот за ПИОМ


Собранието на денешното продолжение на 24. седница го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, објасни дека со одредбите на Законот за пензиско и инвалидското осигурување како категорија на осигуреници се опфатени и индивидуални земјоделци. Од 2013 година, како што рече, се воспостави нова дефиниција „семејно земјоделско стопанство“, но до 1 декември 2017 година се уште не е воспоставена можност да се изврши нова категоризација на земјоделците. Затоа, посочи, предвидуваме натамошно задржување на претходната дефиниција „индвидидиални земјоделци-обврзници на данок на приход од вршење на земјоделска дејност на кои земјоделската дејност им е единствено занимање“.

Дополнително се менува и одредбите од член 61 и се дава можност за користење семејна пензија за дете инвалид, за што досега немаше можност ако детето остварувало каков било приход или било вработено. Се менува и член 11 со што се носи основ за донесување методологија за бенифициран стаж која моментно ја работиме. даваме основ законски да биде донесенеа и ставена во пракса, рече Царовска.

Измените на Законот за ПИОМ беа единствена останата точка од дневниот ред на 26. седница.

Собранието продолжува со работа по точките од 34-седница на чиј дневен ред се предлог – изборот на потпретседатели на Собранието на РМ, поднесен од група пратници, предлог-одлуката за објавување на јавен оглас за избор на претседател, потпретседател и шест членови на ДИК, предлогот за разрешување на претседател и членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

На денешните седници не присуствуваат пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1