Собранието ќе гласа за нова Влада


Собранието на Република Македонија денеска треба да гласа за новиот состав на Владата, а мандатарот Никола Груевски пред пратениците се очекува да ја образложи владината платформа.

sobranie vnatre3Мандатарот Груевски, за министер за одбрана го предложи досегашниот амбасадор Зоран Јолевски, за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, за правда Аднан Јашари, за надворешни работи Никола Попоски, за финансии Зоран Ставрески, за економија Беким Незири, за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, за здравство Никола Тодоров, за образование и наука Абдилаќим Адеми, за труд и социјална политика Диме Спасов, за локална самоуправа Љиримк Шабани, за култура Елизабета Канческа Милевска, за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, за транспорт и врски Миле Јанакиевски и за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири.

За министри без ресор се предложени Владимир Пешевски, Фатмир Бесими, Муса Џафери, Фуркан Чако, Неждет Мустафа, Веле Самак, Бил Павлески, Џери Наумоф, Висар Фида и Горан Мицковски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1