Собраниска седница за избор на новата влада ќе се одржи утре


Откако мандатарот Зоран Заев ноќеска до Собранието на Република Македонија ја достави Предлог-програмата и Предлог-составот на новата Влада, собранискиот спикер Талат Џафери за утре во 11 часот ја закажа седницата за избор на новата Влада.

Од Кабинетот на Џафери информираа дека и програмата и составот се веднаш доставени до пратениците.

Новата Влада ќе има 15 министерски ресорни места. Заев ги предложи Радмила Шеќеринска за министер за одбрана, Оливер Спасовски министер за внатрешни работи, Драган Тевдовски министер за финансии, Никола Димитров министер за надворешни, Рената Десковска министер за образование, Љупчо Николовски министер за земјоделство, Мила Царовска министер труд и социјала, Роберт Алаѓозовски министер за култура, Дамјан Манчевски министер за информатичко општество и администрација, а Горан Сугаревски министер за транспорт и врски.

Министри без ресор се Кочо Анѓушев, Роберт Поповски, Едмонд Адеми, Аднан Ќахил, Самка Ибраимовски, Зорица Апостоловска и Зоран Шапуриќ.

Од ДУИ, Хазби Лика ќе биде вицепремиер за спроведување на рамковен договор, а Бујар Османи, вицепремиер за евроинтеграции.Заминистер за економија е предложем Крешник Бектеши, Булент Салиху, министер за правда, Садула Дураку, министер за екологија.

Партијата на Зијадин Села ќе го земе ресорот здравство каде на челното столче ќе седне Арбен Таравари,а кај НДП оди министерството за локална самоуправа, каде за министер е предложен Сухејл Фазлиу.

За изборот на новата влада пратениците треба да се гласаат најдоцна во среда на полноќ, а за неа треба да гласаат најмалку 61 пратеник во 120-членото Собрание.

Партиите од новата владина коалиција (СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците) во Парламентот имаат поддршка од 62 пратеници. Движењето Беса дефинитивно не е дел од новата реформска Влада која ќе ја предводи лидерот на СДСМ, Зоран Заев. По неколкудневни преговори на највисоко ниво, двете партии не постигнаа договор и вчера од Беса соопштија дека одат во опозиција. Причина е барањето за писмен заеднички договор за редефинирање на државата.

Заев синоќа најави дека ќе испрати писмо до СЈО за проверка дали некој од кандидатите се под истрага, бидејќи, како што рече, тоа е единствената независна институција.

– Секако ќе пуштам писмо до СЈО дали за мене или за мојот владин кабинет има отворено истраги или некој е кривично гонет или слично или е под обвинителен акт или слично, и тоа е независната правна институција којашто постои во Македонија. Сè во тој момент и сè во иднина што ќе се покаже дека некој е осомничен под истрага, има обвинителен акт или слично нема да биде составен дел на новата Влада рече Заев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1