Собраниска седница за состојбата со поплавите


Собранието на Република Македонија за денеска напладне ја закажа посебната седница посветена на состојбата во поплавените подрачја од невремето што се случи на 6 август годинава во Скопје и околината.sobranie_RM

На дневен ред на седницата е Состојбата во подрачјата погодени од временските непогоди кои се случија на 6 август 2016 година во околината на градот Скопје, поднесена од пратеничката група на СДСМ. Одржувањето ваква седница беше поддржано и од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

Во соопштението од кабинетот на претседателот на Парламентот беше посочено дека се очекува до почетокот на седницата Владата на Република Македонија да изготви информација со која ќе го извести Собранието за состојбата и за преземените мерки во насока на санирање на последиците.

Во невремето загинаа 22 лица, а беа поплавени неколку скопски населени места главно во општина Гази Баба, но и во други скопски општини. Причинета е голема материјална штета.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1