Космополитскиот град, лоциран покрај Егејското море, станува се поевтина дестинација не само за Македонците, кои го користат секој продолжен викенд за шопинг и кафе покрај „наше“ море, туку и за се повеќе странски туристи, пишува Емагазин.
Солунчани, кои последниве неколку години секојдневно ја живеат кризата, (која е видилива: затворени се многу ресторани, кафулиња, продавници…) ништо не оставаат на случајност, па цените годинава на најразлични услуги бележат драстичен пад, што стана адут плус да се посети овој град.
На пример за разлика од Скопје, во многу делови на Солун можете да купите одлично кафе и флаширана вода за само 1 евро. Истото тоа кафе и со полош квалитет во Скопје чини и до 2 евра (120 денари), а флашираната вода ќе мора да си ја платите
Најскапото кафе од 3,5 евра го имате во кафулињата лоцирани покрај морето (плаќате нели, амбиент), но ни една пијачка во Солун, а и било каде во Грција не поминува со нешто гратис, од сладолед до колачи…
ПОЕВТИНО И ОД ШУТКА
И во супермаркетите можете да поминете поевтино отколку во Скопје.
Познатите светски трговски ланци познати по ниските цени, „Лидл“ и „Керфур“ одамна се овде, и имаат се посериозна конкуренција со ниски цени и разно-разни купони и картички со попусти и награди и од грчките ланци.
Во областа Переа, лоцирана покрај морето и одалечена 15 километри од Солун можете да купите стан и за 300 евра од квадрат.Иако Солун важи за поатрактивна локација од Скопје (пред се поради морето), овде и цените на недвижностите стануваат се поевтини.
Во периферијата на градот лесно ќе најдете стан за 600-800 евра по квадрат. Во околината на Скопје е среќа да најдете стан за тие пари.
Драстично се паднати и цените на недвижностите и во самиот град. Ако пред неколку години големите станови покрај морето се продаваа и за цена од над 1 милион евра, сега можат истите да се купат за неколку илјадници евра.
Во Солун е поевтин и паркингот. Во централното градско подрачје месечните карти за паркинг падна на 80 евра.Кризата си го направи своето, па и многубројните бутиции во Солун се во постојана трка кој ќе понуди пониски цени.
Традиционалните попусти (од 15 јануари до 15 февруари и од 15 јули до 15 септември, кога има 70% попуст) се плус.
Фармерки за 10 евра, блузи, фустани за 5 евра, ќе ве начекате насекаде низ градот. Во некои од продавниците е поевтино дури и од пазарот во Шутка, а квалитетот е далеку подобар.
Кога е во прашање поевтина гардероба, тука се најпознатите модни брендови за средна класа, од Зара до Манго, со видливи поевтини цени, отколку кај нас.Кога во нив има попуст, тоа е буквално, а не „нешто као попуст“, како што се прави кај нас.Ако сте по брендови, не го пропуштајте трговскиот центар Космос, кој се наоѓа на патот за аеродромот „Македонија„. За домаќински работи, задолжителна Икеа.
Целата сторија на – emagazin.mk