Солунскиот митрополит и министерката за Македонија и Тракија: Македонија е грчка


Грчките новинари од Солун, ја искористија можноста додека, солунскиот митрополит Антимос, солунскиот градоначалник Бутарис и министерката за областите Македонија и Тракија, Мариа Коља-Царуха, говореа за денешниот празник Водици што се слави во Грција, како што јавува дописникот на МИА од Атина, да ги прашаат и за најавените протести, но и за прашањето за името.

Ставот и на солунскиот митрополит Антимос и на министерката за грчките области Македонија и Тракија е дека „Македонија е грчка“.

Коља-Царуха, која е од редовите на Независни Грци, како министерка, во Солун ја претставуваше Владата на осветувањето на водите и фрлањето на крстот по повод празникот Водици. Говорејќи во името на нејзината партија, рече дека Македонија е грчка и дека Македонија е Грција.

– Ние, Независни Грци и Панос Каменос и како лидер на партијата и како министер за одбрана, и јас лично како министер за Македонија и Тракија, веруваме дека Македонија е грчка, дека никој нема право да го користи ова име за свои цели. Затоа ќе се бориме, рече Коља-Царуха, во изјава за грчките новинари, пренесува МИА.

Со идентичен став и солунскиот митрополит Антимос, кој вели „ Македонија, значи Грција и Грција значи Македонија“.

Единствено градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, упати умерена и пријателска порака.

– Ниту јас, ниту митрополитот не ја изразуваме грчката надворешна политика, ниту пак ја одредуваме. Јас едно знам, дека со нашите соседи треба да имаме добри односи, им изјави солунскиот градоначалник на солунските новинари.

Во однос на демонстрациите закажани за 21 јануари во Солун, Бутарис вели дека протестите не го изразуваат јавното мислење.

– Јасно дека сум против и имам кажано одредени лоши зборови за протестите. Бидејќи овие протести не го изразуваат јавното мислење. Не може секој да пишти и да вика на плоштадите и по улиците, вели Бутарис, објаснувајќи дека во моменти кога започнуваат преговорите, не треба да има такви радикални перцепции со демонстрации и слично.

– Во Скопје нема протести. Ние немаме малку мозок? , додава Бутарис.

Солунскиот митрополит, пак, во изјава за грчките новинари, како што пренесува МИА, вели дека потребно е да се организира еден заеднички протест, а не неколку различни и одвоени, затоа што така не може да се постигне успех. Во однос на тоа дали тој лично, би презел иницијатива за организирање, објаснува дека такво нешто би требало да биде организирано од црквата на Грција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1