Кога била мала Соња го загубила татко си, а во саботата изгубила сѐ што имала во нејзиниот дом.
Живее сама со нејзината мајка во Стајковци. Кога водата во саботата им го голтнала домот, Соња била таа која успеала да и го спаси животот на мајка си, а таа два часа се борела со водата за да го спаси мебелот се додека не сфати дека животот и е во опасност.
Со солзи во очите ни раскажува како е да се биде маж во куќата и како оставена сама на себе треба да крои планови за што понатаму.