Учениците во слободното време треба да се одмараат, а не повторно да решаваат задачи. Според креаторите на експериментот домашните задачи и по часовите создаваат одбивност кај децата кон училиштето.
Тие се залагаат да нема домашни задачи, а нивната идеја наишла на критика. Затоа е одлучено прво да се спреведе експеримент во само 2 училишта во Чешка, за да се види дали учениците ќе попуштат во знаењето.
Овие две училишта ќе престанат на учениците да им даваат домашни задачи. Но не ги ограничуват родителите да одберат дали ќе го тераат детето да вежба и учи дома, формални домашни кои ќе се проверуваат на училиште нема да има, што не значи дека на децата им е забрането да учат дома. Вклучувањето во проектот е доброволно, изјави една од директорките.
Педагозите се поделени. Според едни ова е сосема во ред, а според други одделни предмети како странските јазици и математика, едноставно неможат да се совладаат правилно доколку не се вежба и дома.
Поделени се и родителите оние кои се против стравуваат дека на овој начин децата нема да го постигнат истото ниво во учењето.