Сончево со малку облачиња и топло – Прогноза


Во Македонија во утринските часови ке има појава на магла, но и потопло со пораст на утринските температури.

Во текот на денот ке биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Попладне ке дува засилен северен и северозападен, а во западните предели ке дува засилен североисточен ветар. Утринските температури од -1°C до 8°C, а максималните дневни температури ке се движат од 14°C до 22°C.

Во Скопје по магловитото утро, во текот на денот ке биде претежно сончево и ветровито. Ке дува засилен северозападен ветар. Утринската температура од 4°C, а максималната дневна ке достигне до 19°C.

Во среда во Македонија ке биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и ветровито. Ке дува засилен северен и северозападен ветар, а во западните предели ке дува засилен североисточен ветар. Утринските температури од 0°C до 9°C, а максималните дневни ке се движат од 10°C до 18°C.

Во четврток ке биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд. Над 1500 метри надморска височина ке има врнежи од снег. Ке дува слаб северен и северозападен ветар, а во западните предели ке дува слаб североисточен ветар. Утринските ке се движат од 1°C до 10°C, а максималните дневни ке достигнат до 9°C односно до 17°C.

 weather4all

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1