Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со краткотраен пороен дожд, со грмежи и со засилување на ветерот, особено во северните и во источните делови на земјава.
Утринската температура ќе се движи од осум до 17, а дневната од 23 до 30 степени.
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд и засилување на ветерот. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 27 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во наредните денови не се очекува значителна промена на временската состојба кај нас. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, која ќе биде проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Температурата на воздухот нема да има значителна промена.