Европската роботизирана сонда Филе можеби не се зацврстила на кометата 67П/Чурјумов-Герасименко, јави AFP, повикувајќи се на Европската вселенска агенција(ЕСА).
„Има некои индикации, дека тие(харпуните) може да не функционирале, што значи дека стоиме врз мек материјал и не сме закотвени“, рече на прес конференција одговорниот за програмата Филе, Стефан Уламек.
„Треба да откриеме каква е актуелната ситуација. Треба да откриеме каде точно сме се приземјиле и како сме се приземјиле“, откако триумфот по седумчасовното спуштање на сондата се претвори во загриженост.
Порано одделот на ЕСА соопшти на Twitter дека анализата на телеметричките податоци „покажа дека харпуните не се активирале како што првично се сметаше“, но и покрај тоа уредот е во „перфектна состојба“.