Едно лице е повредено во тешка сообраќајна несреќа која се случи вечерва околу 20:15 часот на булеварот Илинден.
Според првичните информации, во сообраќајката учествувале Ауди, Фиат Пунто и мотор.
При несреќата, возачот на моторот се здобил со повреди и е итно пренесен во Ургентниот центар.
Според ВЕЧЕР, очевидци сведочат дека возачот на автомобилот избегал веднаш по судирот, а мотоциклистот е тешко повреден и се бори за живот.