Петмина, меѓу кои и тримeсечно бебе се повредени во сообраќајка кај патарината кај селото Глумово. Комбе со скопски регистарски ознаки со голема брзина удрило во кабина за наплата, а потоа во автомобил, во кој се наоѓалe пет државјани на Албанија меѓу кои и тримесечното бебе, пренесува Макфакс.
Сите се пренесени на Клиничкиот центар во Скопје.
Вработен на патарината на автопатот Тетово – Скопје изјавил дека од ударот во кабината повреден е и еден од вработените на патарината, но е надвор од животна опасност.
Полиција дошла на местото на настанот за да изврши вештачење, но според неофицијални информации, на комбето не му функционирале сопирачките, бидејќи на асфалтот нема траги од кочење.
Несреќата се случила околу 13 часот, а од полицијата велат дека полициски, противпожарни и екипи на итна медицинска помош се на терен, по што се очекуваат повеќе детали.
ФОТО: Ѕид на сообраќајниот срам