Татко и ќерка се тешко повредени во сообраќајна несреќа која вчера во 15.50 часот се случила на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.
Како што информираат од полицијата патничко моторно возило “Голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Ф.С.(24) од Куманово излетало од патот.
-Од незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле Ф.С. и неговата 5 годишна ќерка. Поради сериозноста на повредите, истите по укажаната лекарска помош во Медицински центар -Штип, се пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза“, информираат од МВР.
Извршен е увид на местото на настанот.