Сообраќајка – ПОВРЕДЕНИ возачите на „Мерцедесите“


Шеесет и шест годишниот стружанец Ј.А. кој управувал со автомобил „Мерцедес“ со охридски регистерски ознаки е тешко повреден по сообраќајната несреќа која попладнево се случи на магистралниот пат Гостивар-Кичево.

Како што дознава Курир, стружанецот има повреди на главата, скршеница на левата нога и други повреди, а по укажаната лекарска помош во гостиварската болница е пренесен на скопските клиники.

ФОТО - КУРИР.МК

ФОТО – КУРИР.МК

Вториот автомобил „Мерцедес“, со скопски таблички, го управувал турскиот државјанин А.А. (43) со времен престој во струшко Велешта кој во несреќата се здобил со полесни повреди.

Според првичните информации со кои располага полицијата, до несреќата дошло во момент кога турскиот државјанин кој се движел кон Гостивар, претекнувал со автомобилот и удрил во „Мерцедесот“ со охридски таблички кој се движел во спротивната насока, кон Кичево. На местото на несреќата увид вршат јавен обвинител и полициски екипи.

Она што загрижува е статистиката со која располага СВР Тетово. Бројките покажуваат дека на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово е зголемен бројот на човечки жртви во сообраќајни несреќи. За првите 8 месеци годинава во црната статистика се впишани 9 жртви во тетовското подрачје и 12 во гостиварското. За истиот период лани, бројките говорат 5 жртви во тетовското и 4 во гостиварското подрајче.

Од СВР Тетово за Курир информираат и дека зголемен е бројот на откриени лица кои управуваат во моторни возила без возачка дозвола. За шест месеци откриени се 1330 лица од кои во просек на месечно ниво, меѓу 120/180 се на тетовското подрачје, а околу 100 на гостиварското. Дополнително во тетовското подрачје во изминативе осум месеци се случени 130 сообраќајни несреќи каде како причина за истите се наведува неприлагодената брзина, односно пребрзото возење.

Изминативе месеци СВР Тетово презема засилени контроли и превентивни мерки, а како што најавуваат со истите ќе продолжат и во иднина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1