Жители од улицата „Борис Сарафов“ во населбата Ѓорче Петров вечерва околу 19 часот со контејнери го блокираа сообрќајот поради незгодата во која возило „опел астра“ удри десетгодишно дете, јавува Сител.
Блокадата, како што информира МВР, е и во знак на револт поради брзото возење по улиците, односно непочитувањето на сообраќајните знаци.
Детето што вечерва беше повредено во сообраќајка на улицата „Борис Сарафов“ во населбата Ѓорче Петров е во стабилна здравствена состојба, но има скршеница на черепот и тежок потрес на мозокот, информира за МИА дежурниот лекар на Клиниката за неврохирургија д-р Александар Чапаревски.
Според Чапаревски, детето ќе биде задржано на опсервација.
Незгодата се случи откако возило „опел астра“ удри во детето, а набрзо потоа жителите од „Борис Сарафов“ го блокираа сообраќајот во знак на револт поради брзото возење и непочитувањето на сообраќајните знаци.