Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва околу полноќ во Козле, во непосредна близина на Германската амбасада.
Во директен судир на две возила, Мини Купер со беровски регистерски таблички и Мерцедес со скопски таблички, Куперот заврши превртен на покрив.
Учесниците во судирот, возачот на Мерцедос, и возачот и сопатничката во Куперот, биле свесни и контактибилни по сударот и минале со лесни повреди. но сепак за секој случај, со возило на брза помош се префрлени во Воена болница на дополнителни испитувања.
Според изјавите на очевидци, Куперот со голема брзина се вклучувал на улицата Козле од страна на улицата Миле Поп Јорданов, по што во него удрил Мерцедесот кој се движел по улица Козле во насока кон Нерези.