Вечерва во скопската населба Лисиче, нешто по 20 часот се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно возило се превртело.
Од ударот превртениот автомобил удрил во бетонска ограда на една од куќите на местото, а околу двете возила имало крвави траги што укажува дека има и повредени во оваа сообраќајка на улицата Ѓорѓе Андреевиќ Кун.
Полицијата врши увид на местото на сообраќајката.
Засега нема конкретни податоци за повредените во оваа втора страотна сообраќајка во изминатите 24 часа во Аеродром.
Сител