Осумина биле повредени во сообраќајка која се случила вчера попладне околу 18.30 часот во Тетово.
Во сообраќајната несреќа учествувале патничко возило„форд мондео“ со странски регистерски таблици што го управувал 24-годишниот М.Р. и „југо“ со тетовски таблици управувано од 26-годишниот Р.В. исто така од Тетово, а се случила на крстосницата од улиците Штипска и 116 во Тетово. Во несреќата повреди биле двајцата возачи, двајца сопатници од „фордот“ и четворица патници од „југото“.
Сите повредени биле пренесени во тетовската клиничка болница каде им била укажана лекарска помош. Тројца биле задржани за натамошно лекување додека другите се пуштени дома.