Сообраќајка во Велес: 8 годишно дете тешко повредено


Осум годишно дете е тешко повредено во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила во Велес на улицата „Димитар Влахов“.mvr policija veles mk

Имено несреќата се случила кога 25 годишниот С.С. со автомобил „Волксваген Поло“ удрил во детето кое било на велосипед.

По незгодата детето е пренесено во велешката болница каде му се констатирани тешки повреди, по што е пренесено во Ургентниот центар Скопје.

На местото на несреќата е извршен увид, а по наредба на јавен обвинител возилото е упатено на вонреден технички преглед.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1