Tешка сообраќајна незгода на булеварот Видое Смилевски Бато во која учествуваа две возила, јавува Вечер.
Во незгодата има повредени, но со оглед на фактот дека во моментот се врши увид на местото не успеавме да дознаеме каква е нивната здравствена состојба. Неофицијално, причина за несреќата е непочитување на сообраќајните правила и преминување на црвено светло на семафорот.