На неколку крстосници во Скопје почна и ќе трае до 18 октомври , калибрација на адаптивната контрола на сообраќајот, поради што е можно да има застој во сообраќајот како и нарушување на зелените бранови.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат разбирање додека се врши калибрација на адаптивната контрола на сообраќајот и да ги почитуваат светлосните сигнали на градските улици.