Сопруг планира втора свадба за саканата која не се сеќава на нивната свадба поради несреќа


Џереми Стемпер планира втора свадба, бидејќи неговата сопруга не се сеќава на нивната прва свадба. 21-годишниот Американец сака да ја изненади својата сакана со совршена втора свадба, бидејќи таа го изгубила помнењето по сообраќајна несреќа и не може да се сети на ниту еден момент од нивниот свадбен ден.0216

Џастис Стемпер преживеала сообраќајна несреќа само неколку седмици по свадбата и воопшто не помни дека стапила во брак, иако многупати ги гледала фотографиите од специјалниот ден.

„Тоа е исто како да одиш во странство и да не разбираш што ти зборуваат. Многу е збунувачко“ – рекла 20-годишната девојка.

Џереми започнал да развива романтични чувства кон Џастис кога имал само 10 години, но парот влегол во врска во средношколските години.0118

„Нашата прва свадба беше прекрасна и совршена, но овој пат сакам Џастис да биде одушевена. Таа навистина го заслужува тоа“ – рекол Џереми, кој преку донации се обидува да создаде совршен свадбен подарок за Џастис.

Новата свадба ќе се одржи на 1 август, кога парот ќе ја прослави и првата годишнина од бракот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1