Дејан кој си ги избоде децата со нож во Србија, веќе нема да биде вработен во Средното учичиште како професор за физичка култура.
Семејството на 35-годишниот Дејан не се откажа од него ни по големата трагедија на која тој не се ни сеќава, како што самиот тврди.
Од затворот поради неговата психичка состојба Дејан е префрлен во болница во Приштина, а семејството го посетува. Му однеле пакети храна, прибор за хигиена и доаѓаат на посетите. Не се одрекле од него туку му пружаат поддршка, како родителите, така и неговиот брат. За разлика од нив, сопругата донела животна одлука, да си оди со бебето кај родителите и да се раздели од него.
Извори велат дека семејството игра на таа карта да докаже дека Дејан во моментот на кобниот настан бил непресметлив.
Мештаните не можат да поверуваат дека мирниот и тивок Дејан кој го знаеле би можел да направи нешто такво.
За потсетување, тој пред десетина дена во својот дом откако ја викнал сопругата да вечераат, а таа го одбила, земал нож и ги избодел бебињата. Едното почина, другото се бореше за живот, но лекарите успејаа да му го спасат животот.