Ги читам сите медиумски написи кои произлегуваат од конструкциите дека Миле наводно планирал бегство од државата и не можам да се воздржам, а да не кажам дека е срамно и недостоинствено, реагираше денеска Сања Јанакиески, сопругата на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пишува Сител.мк
-Миле ниту имаше намера, ниту планираше да бега. Од кого да бега и зошто да бега ? Две години Миле редовно се јавуваше и одговараше на секое барање и наредба од судот или обвинителството. Миле не бегаше затоа што е уверен дека е неправедно гонет и дека тоа ќе се докаже во судска постапка. Доколку не пред нашите судови, тогаш пред меѓународните. Вчера со Миле седевме и разговаравме околу последните случувања. Миле знаеше дека одлуката на Груевски, лошо ќе се одрази врз останатите кои се гонат од СЈО, колку и да е тоа неправедно. Затоа и излезе со изјава за медиуми во која изрази несогласување со постапката на Груевски колку и да е таа лична – вели таа.
Таа додава дека без разлика на сѐ, Миле не планирал да си замине.
Sitel.mk