Сопругата на основачот на „Нутела“ наследи 22 милијарди долари


Мариа Франко Фисоло, вдовицата на Мишел Фереро е најбогата личност во Италија, чие богатство изнесува повеќе од 22 милијарди долари, пренесува Бизнис Инсајдер.

На Форбсовата листа најбогати на светот, Фисоло го зазема 30. место и е четврта најбогата жена на светот.Nutela

Чоколадното царство на Мишел Фереро, кој после смртта, своетот богатство и го остави на сопругата и семејството, ги вклучува брендовите како Нутела, Киндер, Тик-Так и Фереро Роше.

Една година пред смртта, во февруари 2015 година, Фереро на листата на „Форбс“ го зазема 30-тото мести, а на чело на компанијата го наследи неговиот син Џовани.

„Нутела“ е еден од најпознатите брендови на оваа компанија во секој поглед е глобален производ па така состојките за неговата подготвка доаѓаат од различни земји на светот. Лешниците се набавуваат од Турција, палминото масло од Малезија, какаото од Нигерија, шеќерот од Бразил, а ванилата од Франција. Производите на компанијата „Фереро“ се во повеќе од 160 земји во светот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1