Оскаровката Никол Кидман за 50-тиот роденден од својот сопруг Кит Урбан ја доби куќата во која растела на Хаваи.
Се шпекулира и дека музичарот тоа го направил за да го паси бракот. Не е познато колку пари платил Урбан за куќата во која Кидман живеела до својата четврта година, а е знае само дека досегашните станари не можеле да ја одбијат неговата понуда.
Подарокот дошол малку порано, бидејќи Никол Кидман ќе слави роденден во јуни. Инаку актерката сега живее во Нешвил, а пријателите велат дека таа цел живот е носталгична за Хонолулу.
Светските медиуми шпекулираат и дека бракот на оваа двојка е во криза, заради што Кит Урбан и се одлучил на ваков гест.