Сопругот на убиената учителка го извршил нападот во основното училиште во Калифорнија


Ученик и неговата учителка синоќа беа убиени во основно училиште во градот Сан Бернардино во американската сојузна држава Калифорнија. Убиството го извршил сопругот на учителката

Мажот влегол во училницата во основното училиште каде работи неговата сопруга и отворил оган, а потоа се самоубил.kaliformija

Уште еден ученик е повреден од напаѓачот, за кого властите во Калифорнија тврдат дека има криминално досие.

Учителката и нејзиниот сопруг биле разделени.

Калифорниската полиција наведе дека момчето кое загина при нападот било ненамерно застрелано.

Синоќа, началникот на локалнта полиција Џарод Бургуан наведе дека нападот е веројатно последица на семејна караница.

– Напаѓачот е мртов и повеќе нема никкава опасност, нагласи Бургуан.

Во училиштето во кое е извршен нападот се спроведува настава до шесто одделение, а во истиот објект има и детска градинка.

Веднаш по нападот, сите деца од училиштето и градинката се евакуирани и пренесени во објектот на блиската гиманзија.

Во декември 2015 година во Сан Бернардино беше извршен терористички напад, при кој загинаа 14 лица, а 22 други беа ранети. Нападот го изврши муслиманска двојка, кои според изјави на сведоци, „се заколнале на верност“ на групата Исламска држава. При инцидентот двајцата напаѓачи беа убиени од страна на полицијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1